Во Иран денеска почна кампањата за парламентарните избори закажани за 21 февруари 2020 година.
Изборите се сметаат за еден вид тест на популарност за клерикалната Влада во момент на влошени односите меѓу Техеран и Вашингтон, најсериозен од Исламската револуција во 1979 година.
Советот на чуварите, тело кое го одобрува или негира учеството на иранските избори, од вкупно 14.000 кандидати одби 6.850 умерени или конзервативни апликации, со намера да фаворизираат кандидати на така наречената тврда линија. Покрај тоа, Советот не дозволи реизбор за речиси една третина од актуелните пратеници.
Советот наведе различни причини за одбивање на кандидатите, но најчеста причина била „корупција и неблагодарност кон Иран“.
Иран има 83 милиони луѓе од кои 58 милиони се со право на глас.
Според државната телевизија, вкупно 7.150 кандидати ќе се натпреваруваат на парламентарните избори.
Советот за чувари е составен од 12 правници, од кои шестмина ги именува шефот на државата, а другите шестмина се именувани од Парламентот на предлог на шефот на иранското судство.
Водечките прореформски партии или беа распуштени или забранети по претседателските избори во 2009 година, кога беше реизбран кандидатот на тврда линија, Мохамед Ахмадинеџад.
Во Техеран, кој претставува 30 пратеници во Парламентот, тврдата гарнитура ја предводи Мохамед Багер Калибаф, поранешниот градоначалник, кој некогаш ја предводеше елитната Револуционерна гарда.
Изборите во Иран се одвиваат тензични односите помеѓу Техеран и Вашингтон, кои се интензивираа во 2018 година кога американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од иранскиот нуклеарен договор постигнат во 2015 година и воведе санкции кон Техеран.
Кризата ескалираше кога еден од најпознатите и најомилени генерали на Иран, Касим Сулејмани, беше убиен во напад на американски беспилотно летало во Багдад на 3 јануари. Убиството на Сулејмани предизвика ирачка одмазда – ракетни напади врз американски цели во Ирак.