четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Зошто Спасовски не го разрешува Ковачевски, а бара разрешување од Мизрахи

ФОТО: Зошто Спасовски не го разрешува Ковачевски, а бара разрешување од Мизрахи

Јавноста веќе со денови го поставува прашањето зошто техничкиот премиер Оливер Спасовски не го разрешува генералниот директор на АД Елекрани на Македонија Васко Ковачевски кој се уште ја нема сменето таблата со логото на кое пишува ЕЛЕМ Електрани на Македонија.

Ова прашање од страна на јавноста дојде откако претходно пратеници, министри и гласноговорници на СДСМ јавно побараа Спасовски да ја разреши техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи која не ја тргна таблата со името Република Македонија од своето министерство.

Гневот на јавноста сѐ повеќе расте и поради самиот факт што законите не важат за истомислениците на власта, а важат само за неистомислениците.

Инаку вчера генралниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на Фејсбук се закани дека доколку меѓу другото не се разреши Мизрахи, постои реална можност тие да направат ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори.

Исто така и Александар Кирацовски вчера го повика спикерот Талат Џафери веднаш да закаже собраниска седница за разрешување на министерката Мизрахи, по што Џафери одговори дека нема да дозволи закани упатени врз него.

Најнови вести