недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јувентус ќе го предизвика Реал во четвртфиналето на ЛШ

Јувентус ќе го предизвика Реал во четвртфиналето на ЛШ

Попладнево во седиштето на УЕФА во Нион се одржа ждрепката за четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите, а украинската легенда Андриј Шевченко кој ги влечеше парови донесе две мега пресметки.

Првата е класика меѓу двата големи гиганти Јувентус и Реал Мадрид кои низ историјата имале многу пресметки во ова натпреварување, а последната беше лани кога „кралевите“ славеа во големото финале. Втората е премиерлигашката битка меѓу Ливерпул и Манчестер Сити што значи англичаните сигурно ќе имаат еден претставник во полуфиналето.

Барселона и Баерн Минхен добија посакувани противници, односно се фаворити во натпреварите против Рома, односно Севилја.

Првите средби се играат на 3 и 4 април, додека реваншите се закажани за 10 и 11 април.

Парови за четвртфиналето во ЛШ:

Барселона-Рома

Севиља-Баерн Минхен

Јувентус-Реал Мадрид

Ливерпул-Манчестер Сити.