понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Се обидел да замени фалс евра во менувачница во Кочани- си заработи кривична

Се обидел да замени фалс евра во менувачница во Кочани- си заработи кривична

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против З.М. (55) од Оризари, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

Пријавениот набавил две фалсификувани банкноти во апоени од 50 евра со ист сериски број и на 20.01.2020 во менувачница во Кочани се обидел да ги замени, но бидејќи банкнотите ѝ биле со сомнителен квалитет на вработената, настанот го пријавила во ОВР Кочани.

Со експертиза од Народна банка било утврдено дека банкнотите биле фалсификат.