Пороците на Диего Армандо Марадона се позната работа во светот на фудбалот, а аргентинската легенда се најде во центарот на вниманието за време на дуелот на неговиот тим Гимназија ла Плата.
Марадона седеше на клупата кога му пријде еден од помошниците и му подаде мало „бело пакетче“. Останатите членови од стручниот штаб забележаа дека ТВ-камерите ја снимаат клупата, па веднаш застанаа, штитејќи го Марадона од кадарот.
Што имаше во пакетчето што заврши во рацете на Марадона сигурно ќе остане тајна, клубот тврди дека станува збор за апче за смирување, но фановите по социјалните мрежи веднаш почнаа со коментари од типот „Диего е оној стариот“, „не може без тоа“…
Извор: Екипа