Да бевме правна држава Заев наместо да пишуваше интервјуа ќе пишуваше мемоари од затвор. Заев призна дека бомбите се автентични, а во нив јасно и експлицитно се гледа дека тој е врховен судија и премиер, ова денеска преку реакција на интервјуто на Зоран Заев го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДСМ ја укина правната држава го стави под целосна контрола правосудството со единствена цел истото да служи за амнестија на криминалите на власта. На граѓаните на Република Македонија им е јасно зошто насила и спротивно на процедурите Зоран Заев го донесе Законот за јавно обвинителство кој треба да биде гаранција за амнестија на криминално рекетарската банда. По 12-ти април се враќа правдата во Република Македонија. По 12 април ќе одговара Зоран Заев и сите оние кои се огрешиле пред законот како и оние кои наместо да го гонат се ставија во заштита на криминал. Зоран Заев е главата на октоподот. И главниот сатрап на судството, стои во реакцијата на партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека криминалецот Зоран Заев е во исто време премиер и врховен судија Клучен доказ дека мафијата има своја држава. Денес Зоран Заев треба да е со лисици на раце и да одговара за своите злодела.