четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски од Струмица: Неопходна е промена во Македонија затоа што оваа ситуација во којашто се наоѓа државата е неодржлива

Николоски од Струмица: Неопходна е промена во Македонија затоа што оваа ситуација во којашто се наоѓа државата е неодржлива

Денеска сме во посета на целиот Струмички регион, ова е дел од редовните активности коишто ги имааме во рамки на акцијата за Обнова на Македонија, да поразговараме со луѓето да се видиме, да видиме што се нивните потреби, барања. Од секаде доаѓаат истите пораки, тоа се пораки дека неопходна е промена во Македонија затоа што оваа ситуација во којашто се наоѓа државата е неодржлива, многу луѓе заминуваат особен од овој крај, пред се младите, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Мора да запре тоа, мора да застане затоа што доколку не застане ќе останеме празна држава. Имаме избор помеѓу две понуди, две алтернативи, од едната страна криминалците да останат на власт, а чесните луѓе да си заминат од државата или од втората страна чесните луѓе да продолжат да ја градат државата, криминалците да одат во затвор. Тоа е разликата којашто ја правиме, и којашто ќе ја правиме во кампањата којашто следува, додаде Николоски.

-Во таа насока сакам да го искоментирам и она што го објавивме денеска, со овој аудио фајл којшто беше доставен до ВМРО-ДПМНЕ и којшто веднаш решивме да го објавиме, само се покажува тесната врска и спрега помеѓу највисоките врвови на власта предводена од Зоран Заев, Специјалното јавно обвнителство и судството во Македонија, што покажува дека тоа сето е едно споено во една личност, и дека еден човек во Македонија нарачувал обвиненија и пресуди, кажувал како треба да се водат истрагите, кој треба да ги води истрагите, и кои да бидат одлуките. Тоа е тажната вистина за Македонија. Во нормални услови и во нормална држава после ова водството на политичката партија СДСМ која ова го нарачувала треба да нема образ да се појави на избори да бара мандат од граѓаните, потенцираше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Најнови вести