петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Груевски: Се измислија обвиненија без докази, Заев ми се одмаздува за 11 години порази

Груевски: Се измислија обвиненија без докази, Заев ми се одмаздува за 11 години порази
ФОТО: МИА

Во Кривичниот суд денеска се одложи рочиштето за Насилство во Центар, во кое се суди и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Ништо ново во однос на овие предмети кои Власта и СЈО ги туркаат. Ова е непринципелна хајка и политичка одмазда. Се измислија обвиненија без докази. Потоа нелегално стекнатите материјали станаа докази. Последниот чин беше да ги сменат и судиите. За разлика од овие судења видовте што се случува со судењето на Заев каде судијката му се извинува. Заев ми се одмаздува за 11 години порази“, изјави Груевски денеска пред судот.

Инаку, судењето е одложено за 2 февруари.

Најнови вести