вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонија комплетна ги продолжува подготовките во Турција

Македонија комплетна ги продолжува подготовките во Турција

Македонската фудбалска репрезентација ја очекуваат два контролни натпревари во турски Белек против Финска и Азербејџан.

Под водство на селекторот Игор Ангеловски на првиот тренинг одржан вчера „рисовите“ тренираа во некомплетен состав.

Поради клупски обврски недостасуваа Стефан Ристовки, Езџан Алиоски и Столе Димитриоски кои се очекува денеска да бидат заедно со репрезентативните колеги.

Првиот натпревар Македонија ќе го игра на 23 со Финска, а четири дена подоцна е средбата со Азербејџан.