Град Скопје планира да потроши 90 000 евра за патувања во 2018тата година. Според изјавата на градоначалникот Шилегов тие пари биле наменети за сите вработени во градот за нивни патувања, меѓународни активности и надоградба на администрацијата, објавува Алфа.
Тој се правдаше дека не трошел многу, туку скоро сите патувања му биле покриени од организаторите на патувањата на кои тој бил. Во електронскиот систем на Бирото за јавни набавки, Град Скопје има распишано тендер во вредност од 6 милиони денари или 90 илјади евра за патувања.
По оваа информација која ја разбранува јавноста со негативни коментари, телевизија Алфа го праша градоначалникот Шилегов, дали смета дека тоа е голема сума која би се потрошила на патувања и дали тие средства може да се пренасочат кон реализирање на значајни инфраструктурни проекти, тој одговори дека болните умови во македонското новинарство кои тврдат дека тој потрошил 90 000 евра за авионски карти ќе ги оставел на јавноста.
На информациите за трошењето на пари на патувања со коментар се јави и поранешниот претседавач на советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ. Тој направи паралела дека и поранешниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски исто така беше во Париз на размена на искуства само што тогаш патувањата ги платија жителите на Центар. Тој прашува во овој случај кој ги плаќа овие патувања.
Граѓаните јавно го покажуваат својот револт за трошењето на парите, кое опозицијата го нарекува недомаќинско работење. На социјалните мрежи многу од граѓаните прашуваат кога ќе бидат исполнети ветувањата кои беа ветени во предизборната кампања, кои ни половина не се исполнети, а се реализираат само патувања и рушења на споменици.