Превентивни мерки против коронавирусот има и пред Вила Водно.
Имено, новинарските екипи кои денес се упатија на прес-конференцијата на претседателот на државата, Стево Пендаровски, беа кратко задржани на влезот со цел да им биде измерена телесната температура, како превентивна перка против коронавирусот.
Тој прес-конференцијата ја оддржува на отворено, а во текот на неа посочи дека ова било во насока на почитување на мерките на владата. Ова е нова информација, никаде во мерките на владата не пишува дека треба да им се мери температура на новинарите и снимателите, особено ако држите прес-конференција на отворено.
Дел од новинарите посведочија дека биле непријатно изненадени и не се чувствувале баш најдобро кога обезбедувањето на Пендаровски во Вила Водно им најавило и им извршило мерење на температурата.