петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

До пладне на општинските избори во Франција гласале 18,38 отсто од граѓаните

До пладне на општинските избори во Франција гласале 18,38 отсто од граѓаните

До пладне во Франција гласале 18,38 отсто од гласачите, односно пет проценти помалку во споредба со првиот круг од општинските избори во 2014 година, јави дописникот на МИА.

Во 2014 година во истиот период гласале 23,17 отсто. Сепак, и покрај загриженоста поради ширењето на коронавирусот во Франција, 18,38 проценти од гласачите излегоа на избирачките места до пладне.

Оваа прва бројка на излезеност беше особено очекувана, ако се има предвид дека одржувањето на изборите беше неизвесно се до доцна синоќа. Многумина од опозицијата, вклучително и шест претседатели на региони, побараа одложување на изборите по новите драстични мерки што ги најави вчера францускиот премиер Едуард Филип.

На Твитер, хаштагот #неодамдагласам, беше меѓу првите во Франција.