Група од околу 300 лица, во текот на ноќта се обидела кај Еврос, насилно, од турска да стигне на грчка територија и билa спречени од полицијата и силите на Фронтекс, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Весникот „Катимерини“ пишува дека со поддршка од турските власти биле фрлени солзавци кон Грција и имало континуирани обиди за нелегален влез и коментира дека новите инциденти се „само неколку часа по неможноста да се постигне договор за бегалското прашање за време на телеконференцијата на Ердоган со лидерите на Германија, Британија и Франција“.