Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес ја посети конфекцијата „Дока“ од Валандово.
-Успешен пример на развиен домашен бизнис низ повеќе годишна макотрпна работа. Обезбедува 300 вработувања од Валандово и околината, а производството е највеќе наменето за извоз на странските пазари. Сопственикот вели има значително влошување на бизнис климата, зголемени трошоци за правење на бизнис, а помислата за нови инвестиции станува невозможна, кога се гледа и чувствува економската и политичка несигурност.
Ова е време кога стопанствениците не инвестираат затоа што се плашат. Испратив порака дека еден од најсилните приоритети на ВМРО ДПМНЕ ќе биде економијата, како да ја подобриме бизнис климата и отвориме нови работни места. Сетот на мерки кои многу скоро ќе ги понудиме и ќе бидат дел од нашата програма, ќе содржат сеопфатен одговор на проблемите со кој се соочува стопанството. Економската сигурност мора да се врати, а на Македонија и треба економско препородување, подобар стандард на граѓаните. Не смее да има семејство кое не може да си обезбеди подобра егзистенција, а решението за тоа е добрата економија, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.