понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Прес-конференциите на Влада од денеска без присуство на медиумите

Прес-конференциите на Влада од денеска без присуство на медиумите

Владата информира дека заради заштита на медиумските работници, од денес прес-конференциите на ќе се одржуваат само преку онлајн стрим, без присуство на сниматели и новинари.

-Со оглед на вонредната состојба во која се наоѓаме поради коронавирус и сите воведени рестрикции, ве известуваме дека од денес (20 март 2020) прес конференциите на Владата ќе се реализираат исклучиво преку онлајн стрим, без присуство на новинари и сниматели во медија центарот на Владата. Целта на овие мерки е сите заеднички да се заштитиме и да обезбедиме услови за работа согласно актуелната ситуација, информираат од Владата.

Новинарите своите прашања, како што информираат од Владата, ќе може да ги поставуваат преку електронска пошта, најдоцна 15 минути пред почетокот на закажаната прес-конференција.

Најнови вести