Во автомобил кај с. Преод, Свети Николе, ноќеска биле пронајдени 25 мигранти од Авганистан и Пакистан. Возилото го управувал 24-годишен скопјанец, а со него имало и 20-годишна сопатничка од Скопје.
Сите биле приведени и предадени на полициски службеници во Полициската станица Свети Николе за понатамошна постапка.