Младата ѕвезда на Ајакс, Абделхак Нури излезе од кома и сега може да комуницира со членовите на семејството. 22-годишниот фудбалер падна на теренот во јули 2017 година, откако доживеа срцева аритмија.
Како резултат на инцидентот, Нури претрпе трајно и сериозно оштетување на мозокот.
– Откако е дома, неговата состојба се подобри многу повеќе, отколку во болницата. Тој веќе е свесен каде се наоѓа и повеќе не е во кома. Се разбуди. Тој спие, јаде, но сепак не може да стане од кревет. Тој сè уште е многу зависен од нас. Во добри денови има и форма на комуникација. Тој ги движи веѓите или се насмевнува, но тоа, се разбира, не може да трае долго, рече братот на Нури, Абдерахим.