Атлетико Мадрид соопшти тажна вест која ги потресе сите во шпанскиот гигант. Младинскиот фудбалер Кристијан Минцола, кој е роден на 19 февруари 2006 година ја загубил битката за неговиот живот.
Шпанскиот тим не ги откри деталите за смртта на младиот фудбалер, кој беше член на академијата на Атлетико од 2013 година.
„Шокирани сме поради тажните вести и жалиме поради загубата на нашиот член. Атлетико Мадрид ќе биде поддршка на семејеството на Кристијан и неговите пријатели во овие болни моменти“, соопштија од Атлетико.
Atlético de Madrid is mourning the passing of our U14 player Christian Minchola. We join in the grief of his family, teammates and friends. May he rest in peace. pic.twitter.com/QZV8BGkHfY
— Atlético de Madrid (@atletienglish) March 28, 2020