Денес се одржа ново рочиште во Кривичниот суд за предметот познат во јавноста како „Титаник“. На рочиштето присуствуваа вкупно 38 лица меѓу кои и четири сведоци кои беа повикани од страна на обвинителството.
Сите присутни беа во голем ризик поради повеќе фактори и прекршување на владините мерки од страна на судот.
Имено, шест лица од присутните воопшто не носеа маски и ракавици. Судењето се одржа во судница со вкупна големина од 60 метри квадратни, па сите присутни седеа буквално еден до друг, вклучувајќи ги судиите и поротниците.
На судењето присуствуваше и едно лице кое јавно истакна дека неговата сопруга е медицински работник, но и дека неговото дете викендов имало температура 38.6. Сепак, поради заканата која ја добија од судијата дека ќе бидат казнети ако не се појават на рочиште и најверојатно сместени во притвор, овој човек се појавил денес во судницата. Не е тестиран ниту тој, ниту неговото семејство.
На истото рочиште, поради заканите за притвор, присуствуваше и лице кое се грижи за своето малолетно дете и две лица со хронични заболувања.
Според неофицијални информации, во обвинителството, една жена која работи со предметите кои секој ден ги земаат обвинители, била позитивна на коронавирус?