вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Фијаско план на Заев: Единственото што граѓаните ќе го добијат е сиромаштијата која следува

Фијаско план на Заев: Единственото што граѓаните ќе го добијат е сиромаштијата која следува

Како коронавирусот да не е доволно голема грижа за македонските граѓани, па тие денес мора да стравуваат и од економски колапс, кој полека, но сигурно ќе го допре народот.

Мерките кои ги предложи поранешниот премиер Зоран Заев веќе наидоа на низа критики од сите страни, но се чини дека неговата замисла е блиска до реализација. Мерките кои тој ги турка, ја туркаат Македонија во голема економска криза, а граѓаните во уште поголема сиромаштија.

Лидерот на СДСМ изгледа заборави дека веќе одамна не е премиер, па продолжува да се однесува како да е претседател на Владата. Или пак, со тоа што диктира мерки сака во јавноста да претстави слика дека сите функционери се “под него“?

Кога владата конечно се одважи да излезе со мерки, промовирани од премиерот Оливер Спасовски,  пропаднаа сите очекувања на граѓаните дека нешто ќе се промени и дека тие навистина ќе добијат помош.

Пакетот мерки кои ги најави Заев, како и пакетот кој го спроведува Спасовски, единствено што ќе направат е продлабочување на кризата и побрзо доаѓање на тешка сиромаштија.

Мерките кои ги смисли Заев, а ги соопшти Спасовски нема да им помогнат на најзасегнатите. Оние кои веќе претрпеа голема загуба и криза, единствено што ќе добијат се уште поголеми проблеми.

Компаниите кои се најпогодени нема да имаат добробит од новите мерки кои сигурно се недоволни за стопанството во моментов.

И актуелниот премиер Спасовски, како и неговиот претходник Заев, можеле многу да научат од искуствата на земјите од регионот каде беа донесени мерки во корист на народот.

За жал, негативните последици кои ќе паднат на грбот на обичниот народ, актуелната македонска власт не се ни обиде да ги спречи.

Најнови вести