сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Синдикатот на шпански фудбалери против намалување на платите и играње натпревари на секои два дена

Синдикатот на шпански фудбалери против намалување на платите и играње натпревари на секои два дена

Асоцијацијата на шпански фудбалери (АФЕ) е незадоволна што некои клубови ги намалија платите за играчите за време на паузата во сезоната поради пандемијата на коронавирус.

Од друга страна, клубовите излегоа со објаснување дека намалувањето на платите е направено според протоколот, што го овозможува таквиот потег во посебни случаи.

Исто така, АФЕ се незадоволни од предлогот, по продолжување на сезоната да се играат натпревари на секои два дена, бидејќи во регулативата се вели дека мора да има пауза од најмалку 72 часа помеѓу натпреварите.