На локален пат во с.Глуво, скопско, Г.Ј.(43) од с.Глуво вчера управувајќи четирицикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал во Бањанска река.
Како што информираат од полицијата, лицето било извадено од случаен минувач, а од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатото лице е предадено за обдукција.