недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мајката која заедно со синот беше пронајдена мртва во Велес, имала коронавирус од декември?

Мајката која заедно со синот беше пронајдена мртва во Велес, имала коронавирус од декември?

Една од двете жртви на семејството Маноилови, кои беа пронајдени мртви во нивниот стан во Велес, е позитивна на вирусот „КоВид-19“.

Извори на Алсат велат дека 79-годишната жена починала како резултат на вирусот, додека нејзиниот син, кој исто така бил пронајден мртов, бил негативен на тестирањето.

Соседите од зградата во која живееше семејството Маноилови го пријавиле случајот како резултат на лошата миризба од станот. Според нив, двајцата членови на семејството последен пат биле забележани пред новогодишните празници.

Од Основното обвинителство од Велес велат дека обдукцијата на жртвите завршила и оти  сега се чека токсиколошката анализа. Соседите велат дека институциите не спровеле епидемиолошки анкети со жителите на зградата.

Случајот предизвикува сомнежи дали можеби вирусот КОВИД -19 е активен уште од декември, за што се дискутираше и на тогашниот состанок на Комисијата за заразни болести.

Извор: АЛСАТ

Најнови вести