петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Одложено вечното дерби Пелистер- Вардар

Одложено вечното дерби Пелистер- Вардар

Вечното дерби во македонскиот фудбал меѓу екипите на Пелистер и Вардар што беше предвидено да се игра во четврток е одложено.

Барање на актуелниот шампион Вардар натпреварот да доби нов термин поради голем број репрезентативци е прифатено од страна на ФФМ.

Другите четири натпревари од 25.коло во ПМФЛ се закажани за четврток (29 март) од 15 часот.

Двојките се:
Силекс – Победа,
Работнички – Академија – Пандев,
Скопје – Шкендија и
Ренова – Шкупи.