За корисниците од село Бојане, во општина Сарај, утре можен е кус прекин на водоснабдување, соопштија од РЦУК-Скопје, по информација од ЈП Водовод и Канализација.
Прекинот во снабдувањето со вода е поради чистење и хлорирање на резервоарот во Бојане, а ќе трае од започнување на работите во 09:00 часот се до нивното завршување.