четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ВИДЕО: Ветеран (99) од Втората светска војна се излечи од Ковид-19

ВИДЕО: Ветеран (99) од Втората светска војна се излечи од Ковид-19

Еден 99-годишен ветеран од Втората светска војна стана најстариот Бразилец што се излечи коронавирусот, јавуваат локалните медиуми.

Ермандо Пивета бил осум дена во болница, каде лекарите биле загрижени поради неговата старост.

– Ова беше поголема победа за мене од победата во војната, изјави Пивета по излегувањето од болница.

Министерството за здравство во Бразил соопшти дека Пивета е најстарата личност во земјата што го победила вирусот.