Откако во јавноста се обелоденија информациите за потрошените пари по ресторани на владата на Република Македонија, реакциите не стивнуваат.
И Јорданка Ивановска – Јоци имаше што да порача на темата.
-Ова е истиот Зоки Заев кој ни мафташе со хартии на прес конференции за вмровците кои трошеле за стекови од бизони, бифтек од дивеч, коњски карпача, сосови од горгонзоли ? И тоа, тие трошеа од донации за кетеринзите на партија, не од буџет. Да, тој е. Истиот Зоки. Кој само по кафани истрошил на дневно ниво по 11.660 денари. Милионерот Зоки, жив гладен, кој не дава од свој џеб, напротив потрошил наши пари. А, амбулантните возила кои ги вети пред 7 месеци каде се ? Во која кафана? Со Бектеши, две амбулантни коли сте изеле и испиле, пишува Јоци на Фејсбук.