Во време на пандемија и седење дома, со полн фрижидер и без соодветна физичка активност, дефинитивно го оптеретувате организмот. Процентот на покачени килограми генерално кај населението и тоа како ќе се зголеми.
Ова во интервју за КУРИР го истакнува персоналниот тренер и бодибилдер Ивица Јанев.
Од него побаравме совети како да внимаваме на своето здравје додека сме дома поради епидемијата на коронавирус.
Вели дека таложењето на мастите и прекумерните килограми, покачен крвен притисок, покачен холестерол, појава на скриен шеќер, нерамномерно работење на срцето, отежнато дишење, ќе се дел од последиците доколку не сте активни и ги занемарите овие факти.
Јанев акцентира дека ова најмногу ги засега лицата над 50 години и лицата кај кои веќе има присуство на овие погоре споменати појави.
-Сега немаме простор за изговори како на пример немам време, премногу сум зафатен. Секој ден сме дома по 16 часот и имаме доволно простор за еден убав и квалитетен тренинг во домашни услови. Од една страна ние сами ќе имаме бенифиции а од друга страна ќе преставуваме пример за останатите членови од семејството. Воедно и може да вежбаме заедно со своето дете, партнерот или сами, вели Јанев.
Тој вели дека кога сте цел ден дома ви се јавува намалена желба за активност и станувате мрзеливи.
Тој предлага 5 совети за како да се мотивирате:
-Одредете временски термин кој ќе ви биде за тренинг.
-Подгответе детален план за вежби со сетови и повторувања кој ќе го пратите до последна вежба, бидејки секако на половина ќе се јави желба за откажување.
-Облечете се во опрема за вежбање.
-Спремете си вода за тренингот, пуштете си ја вашата омилена музика и почнете.
-Како екстра мотивација ставете си слика од вас кога сте биле во најдобра форма.
Вежбите во домашни услови можат да бидат доста интересни и многу ефективни, вели тој.
-Можете да ги изведувате сами, а уште поинтересно со членовите од вашето семејство. Поддржувајте се и градете навики заедно, на помалите бидете им пример и научете ги на активност и забавувајте се, порача тој.
Како Ивица вежба во домашни услови погледнете во видеото:
Доколку овој тренинг не ви беше доволно, тој до читателите на КУРИР дава уште неколку примери за тренинг во домашни услови. Можете да ги вклучите и вашите дечиња.
-Планк со детенце на грб, нека седи на раменици за полесно, на половина за потешка изведба.
-Позиција на plank, најизменично носиме колено кон гради. Повторуваме 20 пати.
-Склек со детенце, на раменици за потешко.
-Чучневи со седење на раменици.
-Исчекор со детенцето на раменици.
-Мост за задник со детенцето на пелвис.
-Заеднички sit ups.
-Заедничко подигнување на нозете за долен ден на стомачни.
-Подигање за рамо, детенцето во раце и играјте си подигнување од горен дел на гради под врат до над глава, детенцето ова ке го сака најмногу.
-Во позиција на склек спротивно поставени и двајцата со плускање наизменично на раце, вашата десна рака со десната рака на партнерот.
-Заеднички jumping jacks.
-Трчање во место.
Порачува сите татковци и мајки да им дозволат на своите дечиња да вежбаат со нив.
-Со вежбањето освен што градиме здраво тело, туку делуваме и на дисциплина и карактер кој ќе ни биде потребен за успех во секое поле од животот. Откога ќе го потрошите горивото, засукајте ги ракавите и гответе, вели тој.