четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рашфорд посочи кој соиграч имал клучна улога во неговиот развој

Рашфорд посочи кој соиграч имал клучна улога во неговиот развој

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд има само 22 години, но веќе се здоби со солидно искуство во сенироскиот фудбал. Тој го имаше своето деби во првиот состав уште во 2015 година.

Англискиот репрезентативец го посочи и соиграчот кој имал најголема улога во неговиот развој досега – Златан Ибрахимовиќ.

– Неговиот менталитет… Ова е нешто што досега не сум го сретнал. Ибра не го интересираше за тоа што некој би рекол за него или што му зборува. Од гледна точка на карактер, тој беше најважниот во мојот развој, објасни Рашфорд.

Сепак, Швеѓанецот немаше шанси да игра долго на „Олд Трафорд“ бидејќи се здоби со тешка повреда. Тој во моментов е во Милан.