среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

На подрачјето на СВР Велес синоќа најмногу прекршувања на полицискиот час

На подрачјето на СВР Велес синоќа најмногу прекршувања на полицискиот час

Од сите четири дена од продолжениот полоциски час на подрачјето на СВР Велес, најмногу прекршувања имало синоќа и тоа 14, а  од кои најголем дел на прекршителите девет биле на подрачјето на Велес, во Неготино четири и во Кавадарци само еден.

Бројот на лица во самоизолација во Велес денеска изнесува 65 лица.Во петокот биле 50, а во саботата останале само 18, во неделата пораснал на 39,  а вчера се зголемил на  52 лица.

Ова е последица на зголемениот број на заразани од Ковид-19 изминатиот продолжен викенд, кога во саботата бројката во Велес  се зголеми  со  12 новозаразани, во неделата за уште тројца и вчера за плус уште еден новозаразен.Вкупно до вчера во Велес  се регистрирани 59 заразени со Ковид-19.