среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Димитриевски повторува дека состанокот во Куманово бил организиран по барање на владата и го чека извештајот на државниот санитарен инспекторат

Димитриевски повторува дека состанокот во Куманово бил организиран по барање на владата и го чека извештајот на државниот санитарен инспекторат

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, реагираше дека извештајот на Државниот санитарен инспекторат се уште не е доставен до Општинскиот штаб и бара од инспекторката тоа да го стори во најкус можен рок.

-Останувам на ставот дека состанокот е организиран по барање на владата и затоа е одржан во поголем простор а не како на редовните состаноци. Зачудува некоординираноста и меѓусебната неинформираност во Министерството за здравство и органите под нивна надлежност дека членовите на општинскиот штаб се тестирани три дена претходно на барање на епидемиолозите, вели за Телма Димитриевски.

Тој објаснува дека никој од членовите не знаел дека е позитивен, иако резултатите во Центарот за јавно здравје биле готови тој ден, ниту пак имало протокол за задолжителна самоизолација по извршено тестирање.

Зошто членовите на штабот не добија такви насоки, а и сите други тестирани?, прашува градоначалникот на Куманово.

Тој вели дека дополнителните тестови покажале дека сите се негативни, што според него, дава друга димензија. Уверува дека се почитувани безбедносните процедури за што има и докази.

Градоначалникот Димитриевски вели дека се уште не добил објаснување од министерот Филипче и дека побарал повторно да се тестира за може да се врати на работа. Сакам да верувам дека е направена ненамерна грешка, вели Димитриевски.

Најнови вести