Праксата на СДСМ да ги навредува и дели граѓаните има своја историја.
Јавноста е сведок на многубројните навреди од страна на партиските функционери од власта врз одредена група на граѓани, особено на оние со спротиставени ставови и мислења.
Откако Шилегов вчеравечер објави статус на Фејсбук во која откри за својата левичарска љубов, а десничарите ги нарече себични простаци, денеска јавноста се потсетува и на зборовите на Заев и поделбата на народот.
-Денеска прошетав и денски во Прилеп и видов колку е убав Прилеп без членовите на ДПМНЕ, колку е убав Прилеп, рече неодамна Заев пред целокупниот македонски народ.