четврток, 11. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Франција десет метри минимално растојание за џогирање или возење велосипед

Во Франција десет метри минимално растојание за џогирање или возење велосипед

Минимално десет метри: ова ќе биде растојанието помеѓу двајца тркачи или двајца велосипедисти од 11 мај, соопшти Министерството за спорт на Франција, потсетувајќи на условите за практикување на спортот на отворено за да се ограничи физичкиот контакт, јави дописникот на МИА.

Според министерството, овие активности можат да се вршат „без ограничување на времетраењето на практиката, без потврда, во рамките на оддалеченост од домот од помалку од 100 километри, со ограничување на собирите на 10 лица максимум, на отворено“ и „без да се користат соблекувални кои можат да бидат достапни за активности на отворено “.

Сепак, „специфичните критериуми за растојание меѓу луѓето“ мора да се почитуваат, во зависност од активностите: „растојание од најмалку 10 метри помеѓу две лица при практика на велосипедизам и џогирање“, како и „доволна физичка дистанца за активности на отворено, како што се тенис, јога, фитнес на пример “, се вели во соопштението на Министерството за спорт. Така, за јога или крос-фит на отворено, ќе биде потребно да се обезбедат „4 квадратни метри простор по човек“, прецизира министерството.

-До 2 јуни ќе има нови препораки за да се процени како да се продолжи со спорт во затворен простор и дисциплини за кои е потребен контакт, додава кабинетот на Роксана Марачинеану. (МИА)