Во Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица, вчера утрината било пријавено дека од припадници на Армијата во правец на Стојаково-Селемли, во близина на манастир „Св.Трифун“, биле пронајдени две неексплодирани гранати, информира МВР.
Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување -Струмица, пронајдените експлозивни направи биле подигнати за понатамошна постапка.