петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Партискиот суд на СДСМ уште еднаш срамно го погази правото во Македонија

Зоран Заев е човек со дискутабилни морални вредности кој целата јавност го виде како ја злоупотребува својата службена позиција барајќи поткуп. Злоупотребата од негова страна продолжува, а тој својата позиција ја користи за пресметка со своите политички противници. Тој повеќе нема кредибилитет да ја води Владата на Република Македонија, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ: Партискиот суд на СДСМ уште еднаш срамно го погази правото во Македонија

Партискиот суд на СДСМ уште еднаш срамно го погази правото во Македонија. Си поигрува со човечки судбини и политички притвора луѓе само за да ги задоволи нарачателите да уживаат во траумите предизвикани во семејствата на жртвите на оваа тортура. Спротивно на одлуката највисоката судска инстанца во Македонија Врховниот суд, партискиот суд на СДСМ донесе одлука за притворање на дел од обвинетите лица за настаните од 27-ми април, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Судот уште еднаш докажа дека не одлучува соогласно Законите туку согласно партиските директиви. Правосудните органи, нехумано и надвор од сите правни стандарди и процедури си поигруваат со човечките судбини на приведените. Притворот се користи како казна за оние кои први го кренаа гласот против ова зло кое што и случи на Македонија олицетворено во владата на СДСМ. Притворот се користи како казна за луѓето кои не се согласуваа со антидржавните политики на СДСМ. Овие луѓе не се и нема да бидат терористи без разлика што судот и обвинителството под притисок на власта сака така да ги претстави преку политички монтирани обвиненија, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРо-ДПМНЕ велат дека ваквите дејствија на правосудните органи се класична злоупотреба на законите и еден ден сите оние кои постапувале спротивно на законите ќе одговараат пред лицето на правдата.

-Правосудните органи се ставаат во функција на човек за кој и пред судот има официјално сведочење дека барал поткуп од едно евро за себе, едно за партијата и едно евро за црквата од метар квадратен. Правосудните органи се под притисок да го покриваат криминалното работење на Зоран Заев со заплашување на сите кои мислат поинаку. Зоран Заев е човек со дискутабилни морални вредности кој целата јавност го виде како ја злоупотребува својата службена позиција барајќи поткуп. Злоупотребата од негова страна продолжува, а тој својата позиција ја користи за пресметка со своите политички противници. Тој повеќе нема кредибилитет да ја води Владата на Република Македонија, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести