четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Франција најави помош за државната железница

Франција најави помош за државната железница

Франција ќе и помогне на државната железничка компанија СНЦФ да ја надмине кризата поради новиот коронавирус, изјави денеска министерката за животна средина и транспорт Елизабет Борн.

– Ќе мораме да им дадеме средства на СНЦФ за да продолжат со инвестицискиот план и да видиме со нив каква е моменталната финансиска состојба. Малку е рано за проценките … Во секој случај, државата ќе застане зад компанијата, рече Борн.

Извршниот директор Жан-Пјер Фаранду рече дека компанијата изгубила приход од околу две милијарди евра како резултат на затворањето на линиите и дека има потреба од помош од Владата.

– Вирусот за нас значи загуба од околу две милијарди евра приход според моменталните пресметки, изјави Фаранду за радиото Франс Интер.

Тој смета дека е „сосема нормално да почне да се размислува за планот за помош на СНЦФ“.

Владата на Франција веќе најави помош за авиокомпанијата „Ер Франс“ и произведувачот на автомобили „Рено“, преку гаранции за заем.