Во Гренбол е уапсено лицето што утрово се обиде со автомобил да прегази група француски војници.
Француската полиција објави на Твитер дека мажот е приведен во Гренбол, во близина на нападот.
Уапсениот се обиде со автомобил да прегази група француски војници, кои трчале во близина на касарната во местото Варс-Алиер-е-Рисе во централна Франција. По неуспешниот обид тој побегнал.
Во инцидентот нема повредени лица.