Раководните тела во светскиот тенис планираат оваа недела официјално да објават создавање фонд, со кој ќе им се помогне на играчите полесно да се справат со финансиските ефекти од пандемијата од коронавирус.
Фондот вреди повеќе од 6 милиони долари и ќе поддржува 800 играчи во сингл и двојки, според „АП“, повикувајќи се на извор.
Доколку рамномерно се распределат 6 милиони долари, тоа значи 7.500 по играч.
„АП“ додава дека условите за добивање парична помош се очекува да бидат рангот на играчите и освоените од нив парични награди.