вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нови 278 смртни случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Франција

Нови 278 смртни случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Франција

Франција регистрира нови 278 смртни случаи од Ковид-19, со што бројот на смртните случаи достигна 25 809, јави дописникот на МИА.

На болничко лекување се наоѓаат 23 983 лица, од кои 3.147 се во тешка состојба на интензивна нега. Притисокот врз болниците продолжува да се намалува и истовремено се менува бојата на картата на Франција, на која се следи епидемијата со Ковид-19. 

Со зелена боја се департманите во кои кревањето на изолацијата ќе биде поширока, во портокалова се департманите кои можат да преминат во една или друга боја и во црвена департамните во кои кревањето на ограничувачките мерки ќе биде стриктна.