вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер јунајтед се откажува од трансфер целта број 1 за ова лето

Манчестер јунајтед се откажува од трансфер целта број 1 за ова лето

Манчестер јунајтед ќе се откаже од трансфер целта број 1, според „Мирор“. Според весникот, ова лето „црвените ѓаволи“ нема да испратат понуда до Џејден Санчо. Поранешниот играч на Манчестер Сити е поврзан со еден куп европски гиганти, меѓу кои и „граѓаните“, Барселона, Реал Мадрид, Челси, Ливерпул, Арсенал и Баерн Минхен, но Јунајтед е големиот фаворит.

Сепак, според публикацијата, Борусија Дортмунд воопшто не е под притисок да ја продадат својата sвезда и затоа нема да направат попусти во цената – 100 милиони евра. За Јунајтед, сепак, ова не е разумно, особено во вакви неизвесни финансиски времиња.

Неодамна, извршниот потпретседател на англискиот гигант Ед Вудворд објави дека скапите трансфери во наредните месеци би биле неоправдани пред лицето на новата реалност со која ќе се соочи спортот. Така, Манчестер Јунајтед скоро сигурно ќе чека 12 месеци и ќе излезе со понуда за Санчо во летото 2021 година.