На денешното рочиште за случајот „Рекет“, првоосомничениот Бојан Јовановски рече дека тогашната специјална обвинителка Катица Јанева наводно била уценета и дека се барала оставка од нејзе.
-Се тргуваше со овој случај, Катица Јанева беше уценета или ќе дадеш оставка или ќе се случи ова што се случува сега, рече Бојан Јовановски на денешното рочиште за случајот „Рекет“.
-На 3 април гостуваше Заев во телевизијата. По емисијата разговаравме во мојата канцеларија и Заев ми кажа дека и мене и Катица нè следеле странски служби. Ме уплаши и изманипулира дека странски обвинител имал сè за мене, додал Јовановски на денешното рочиште.