среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Резников поднесе оставка

Резников поднесе оставка

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников на Х објави дека поднесе оставка до претседателот на Парламентот.

– Го поднесов моето писмо со оставка до Руслан Стефанчук, претседател на Парламентот на Украина. Ми беше чест да му служам на украинскиот народ и да работам за (украинската армија) во изминатите 22 месеци, најтешкиот период од модерната историја на Украина, наведе Резников.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во ножното видео обраќање до нацијата објави дека одлучил да го разреши Резников и да побара од Парламентот да го именува, Рустем Умеров.

Резников, кој беше назначен за министер за одбрана во ноември 2021 година, помогна да се обезбедат милијарди долари западна воена помош за воени цели, но неговото Министерство беше обвинувано за корупција.

– Одлучив да го разрешам министерот за одбрана на Украина. Олексеј Резников, кој помина повеќе од 550 дена војна. Верувам дека на Министерството за одбрана му требаат нови пристапи и други формати на интеракција со армијата и општеството во целина, истакна Зеленски.

Промената на министерот за одбрана мора да биде одобрена од Парламентот, но одлуката најверојатно ќе ја поддржат мнозинството претставници на Врховната рада.

Умеров, 41-годишен поранешен адвокат, е директор Фондот за државна сопственост на Украина од септември 2022 година и учествуваше во преговорите за Договорот за извоз на жито преку Црно Море.