Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс го советуваше клубот да земе уште еден играч што многу добро го познава – Џо Роден од Свонси, открива „Мирор“.
Минатото лето, велшкиот тренер го препорача Даниел Џејмс, кој досега ги исполни очекувањата.
Роден има 22 години и игра како централен дефанзивец. Тој е дете на Свонси и Гигс веќе му даде шанса да го направи своето тим деби за „змејовите“. Се споменува трансфер од 20 милиони фунти.
Сепак, има информации за интерес за него и од ривалот Манчестер Сити.