недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Одложени претседателските избори во Полска

Одложени претседателските избори во Полска

Шефот на полската Изборна комисија изјави дека претседателот на полскиот Парламент-Сејмот има 14 дена за да го соопшти новиот датум за претседателските избори во земјата.

Претседателските избори во Полска првично требаше да се одржат вчера, но заради епидемијата на коронавирус, владата и опозицијата на 7 мај се договорија тие да се одложат, пренесуваат британските медиуми.

Полскиот вицепремиерот Јацек Сасин тогаш изјави дека изборите најрано можат да се оддржат во јуни.