Во саботата вечерта во Битола, во време на полициски час, мизичарот Пеце Петровски дома држел онлајн концерт посветен на малиот битолчанец Лука кој има аутизам, с`е со цел, да се подигне јавната свест за предрасудите кон ова дете. Арно ама, комшијата Бојан од соседната зграда, неможејќи да ја поднесе музиката, најпрвин со камења кон прозорецот, а потоа со пцовки започнал кавга поради која, Петровски излегол да се разберат, пренесува Алфа.
Излегов надвор с`е со цел да ја спрачам самата ситуација и да ја смирам топката. При тоа, тој ми заби нож во мојата лева рака. Имаше и втор обиде кој го спречи мојата мајка која влезе насреде за да не раздели и мојот колега кој успеа да го оттргни од мене и соседот падна на земи и се упати дома со зборовите- имаш среќа што не зедов сатор – рече повредениот Пеце Петровски.
Неговите први соседи велат дека е мирно момче и дека немале никакви проблеми со него, а музиката никому не пречела.
Немаме досега слушнато некаква кавга од детето, да се скара со некого или да направи гужва. Денеска кога разбрав, се запрепастив – рече комшивката Дафина Стојановска.
Случајот го потврди СВР Битола, насилникот е приведен и одземен му е ножот на вештачење. Случајот ќе добие кривично- правна разрешница, а изолацијата поради короната, само покажува колку луѓето с`е повеќе се нервозни и агресивни.