четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Патиштата кои ги најави Заев се проекти почнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ 10 месеци ништо не работи

Мицевски: Патиштата кои ги најави Заев се проекти почнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ 10 месеци ништо не работи

Владата призна дека 10 месеци ништо не работела. Проектите со кој се фали Зоран Заев се проекти кои што се планирани и започнати во време на ВМРО-ДПМНЕ, обвини денес Никола Мицевски на прес-конференција во ВМРО-ДПМНЕ.

-10 месеци власта не само што не започна нови инфраструктурни проекти, туку и ја запре изградбата на патиштата почнати од ВМРО-ДПМНЕ. За сега да се фали дека на нив ќе продолжи да работи. За магистралниот пат Штип-Радовиш средствата се обезбедени од владата на ВМРО-ДПМНЕ, преку ЕБРО. Патот Ранковце-Крива Паланка е пат за кој финансиите се обезбедени уште во 2015 година и тој се гради. Исто како и магистралниот пат Градско-Прилеп, за кој средствата се обезбедени уште во 2016 година. Заев излажа кога овие патишта ги претстави како инвестиција на владата на СДСМ, рече тој.

Мицевски истакна дека СДСМ ветуваше инфраструктурен бум, а гледаме инфраструктурна стагнација.

-Автопатите и магистралните патишта кои ги најави СДСМ се отпочнати во време на ВМРО-ДПМНЕ, а голем дел од нив се доведени во финална фаза на реализација. Овие патишта беа неосновано запрени подолг временски период. Автопатот Демир Капија-Смоквица, е проект целосно реализиран во време  на ВМРО-ДПМНЕ, неговото пуштање во употреба неосновано се одложува повеќе од 10 месеци поради неспособноста на властите.  Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт овој автопат ќе беше пуштен во употреба. СДСМ неосновано ја запираше и изградбата на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Со што го пролонгира рокот на нивно завршување и пуштање во употреба, особено на патот Миладиновци – Штип, кој доколку беше ВМРО-ДПМНЕ на  власт сега ќе беше пред пуштање во употреба. Ниту еден пат кој беше презентиран од Заев не  е нов проект. Овие патишта се проекти на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ наместо да троши време на прес конференции треба да ги продолжи проектите со цел нивно побрзо пуштање во употреба. Граѓаните не се со кратка меморија и знаат, кој што и кога направил за Република Македонија, рече тој.

Мицевски порача дека граѓаните заслужуваат подобро, државата мора да оди напред и дека неработата и стагнацијата не се решение.

Најнови вести