Европската унија го „врати“ научникот Никола Тесла во информативниот дел за Хрватска на својата веб страна.
На интерактивната страница за млади „Катче за учење“, тесла беше наведен како „познат хрватски научник“. По реакцијата од српското Министерство за надворешни работи и Министерството за култура и информирање, спорниот дел беше изваден. Сега Тесла е вратен во рубриката, но без да се посочува дека е Хрват, туку дека е роден во Смилјан, денешна Хрватска. За него се истакнува дека е еден од пронаоѓачите на Икс зраците.
Освен дел за Тесла, Хрватска уште се опишува како земја со „илјада острови“ во која е измислено пенкалото.