петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Италија ќе ја спасува туристичката сезона, од овој датум се отвараат границите

Италија ќе ја спасува туристичката сезона, од овој датум се отвараат границите

Движењето во регионите ќе биде повторно дозволено од 18 мај, а забраната за меѓурегионално патување ќе биде укината на 3 јуни.

Владата на Италија донесе одлука на 3 јуни да ги отвори границите за граѓаните на Европската Унија со што овозможува слободно движење во земјата.

-Владата ја одобри уредбата предложена од премиерот Џузепе Конте и министерот за здравство Роберто Сперанза, со која ќе се отворат границите за жителите на ЕУ, Сан Марино и Ватикан од 3 јуни, се вели во соопштението.

Движењето во регионите ќе биде повторно дозволено од 18 мај, а забраната за меѓурегионално патување ќе биде укината на 3 јуни.

Укинувањето на забраната за патување е значаен чекор на патот кон закрепнување за оваа тешко погодена земја, а владата се надева дека некако ќе успее да ја спаси летната туристичка сезона.

Италија е меѓу најпогодените земји во светот од коронавирус со повеќе од 31.600 смртни случаи и околу 223.800 случаи на заболени од 21 февруари.

Италија е трета земја во однос на стапката на смртност од „ковид-19“, зад САД и Велика Британија.