четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: Со цел да си го ублажат поразот СДСМ врши поткуп и притисоци во Ѓорче Петров

Стојаноски: Со цел да си го ублажат поразот СДСМ врши поткуп и притисоци во Ѓорче Петров

Неспособната и криминална власт на СДСМ тотално го загуби компасот. Соочени со нивните лажни ветувања и лаги и со се поизвесниот жесток изборен пораз кој што ќе го доживеат и во Република Македонија, а особено во Ѓорче Петров се обидуваат преку потпкуп на гласачи тоа да го ублажат, реагира Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Преку партиски направени списоци општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров и нивниот кандидат за пратеник Даниела Марковска изминатиов период ги злоупотребуваат социјално загрозените семејства и оние кои што имаат најмалку, мислејќи дека со пакет помош по налик на нивниот лидер Зоран Заев тие луѓе ќе го заборават сето тоа што овие луѓе го направија во изминатите три години.

Додека владеаа со државата три години не направија и не искреираа ниту една мерка и ниту еден проект да им го олеснат животот на овие луѓе.

Ние сме различни, ВМРО – ДПМНЕ е различна партија од нив, обновата која што несомнено ќе дојде ќе донесе стандарден и нормален живот за овие луѓе.

Ќе ги покачиме сите примања кој што ги имаат, ќе им овозможиме да живеат во едно нормално општество каде што ќе бидат третирани и ценети како нормални луѓе.

Ние не сме како нив и тоа треба тие да го знаат!

Заврши времето кога можеа вакви инкриминирачки, криминални работи и дејствија преку кои што го прекршуваа изборниот законик да им поминат неказнето, тоа време е минато.

Повеќе го нема Зоран Заев и ја нема партиската полиција на Оливер Спасовски да ги спасува од овие работи.

Доаѓа времето кога во оваа држава сите ќе бидат еднакви!

Правото ќе владее, а достоинственото и нормалното живеење ќе биде обврска за новата влада на ВМРО – ДПМНЕ.

Најнови вести