вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со секири се пресметувале со полицајците кои дошле поради гласната музика- еве што се случило на крајот

Со секири се пресметувале со полицајците кои дошле поради гласната музика- еве што се случило на крајот

На 17.05.2020 во 23.50 часот во дворно место на Б.А.(25) на ул.„Генерал Апостолски Гочо“ во Кочани, полициски службеници ги лишиле од слобода Б.А. и М.Г.(21) и А.Г.(20), двајцата од с.Пантелеј, затоа што Б.А. со употреба на сила попречувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, интервенција по пријава за пуштена гласна музика.

Додека, М.Г. и А.Г. со секири упатувале закани по животот на полициските службеници. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.